Селекторот на Бразил, Доривал Жуниор го објави списокот за Копа Америка, иако до почетокот на натпреварувањето останува повеќе од еден месец. Во ростерот има 23 играчи, а Доривал може да направи измени до 23 јуни, ден пред Бразил да го одигра првиот натпревар против Костарика.
Поради повреда на спиското го нема Нејмар, а покрај него нема и тројца кои беа стнадардни на Сп во Катар: Ришарлисон од Тотенхем, Касемиро (Манчестер Јунајтед) и Габриел Жесус (Арсенал). Изненадување е што на списокот го нема фудбалерот на Јувентус, Бремер.
Нападот на Бразил ќе го предводат играчите на реал, Винисиус и Родриго, заедно со 17-годишниот Ендрик.
Изненадувања на списокот се Андреас Переира од Фулам и Жоао Гомеш од Волвс, како и Еванилсон од Порто и Савио од Џирона.
Бразил на Копа Америка е во група со Костарика, Колумбија и Парагвај.
Голмани Алисон (Ливерпул), Бенто (Атлетико Паранаенсе), Едерсон (Манчестер Сити),
Одбрана: Бералдо (ПСЖ), Едер Милитао (Реал Мадрид), Габриел (Арсенал), Маркињос (ПСЖ), Данило (Јувентус), Јан Куто (Џирона), Гиљермо Арања (Атлетико Минеиро), Вендел (Порто),
Ред за врска: Андреас Переира (Фулам), Бруно Гимараеш (Њукасл), Даглас Луис (Астон Вила), Жоао Гомеш (Волвс), Лукас Пакета (Вест Хем),
Напад: Винисиус Жуниор (Реал Мадрид), Родриго (Реал Мадрид), Габриел Мартинели (Арсенал), Рафиња (Барселона), Еванилсон (Порто), Савио (Џирона), Ендрик (Палмеирас).