(Видео) Прашање што ја збуни Израелката на прес-конференцијата по Евровизија: „Не мора да одговарате ако не сакате“

eden-golan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Откако беше објавено кои десет земји одат во финалето на Евровизија, се одржа прес-конференција на која беа поставувани прашања и за Израелката Еден Голан, која во финалето отиде со песната „Ураган“.


Новинар од Полска доби шанса да и постави прашање на претставничката на Израел – „Дали некогаш сте помислиле дека бидејќи сте тука ги загрозувате другите учесници и јавноста?

View this post on Instagram

A post shared by wiwibloggs (@wiwibloggs)

Водителот на прес-конференцијата веднаш рече дека „не мора да одговара ако не сака“.

„А зошто да не“, искоментираа неколку новинари.

Еден Голан прво застана, а потоа одлучи да одговори на прашањето.

„Мислам дека сите сме тука поради една причина, ЕБУ ги презеде сите мерки да го направи ова натпреварување безбедно за сите нас. Мислам дека е безбедно за сите, инаку немаше да бидеме тука“, изјави Еден Голан на прес-конференцијата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK