ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

кафка.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

По повод 100 години од физичкото заминување на Франц Кафка (1883-1924), еден од највлијателните европски и светски писатели на 20-от век, ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија распишува награден конкурс за книжевни творби.


Делата, напишани на македонски јазик, може да бидат во вид на расказ или есеј, а секој автор може да учествува со една творба на слободна тема, инспирирана од книжевните дела и/или животот на Кафка.

Максимална должина на секоја од испратените творби е 5 000 зборови.

Творбите да се потпишат со шифра, а на посебен лист да се пополни пријава за учество на конкурсот со следниве податоци: шифра, име и презиме, наслов на испратено дело, телефонски број, e-mail адреса и адреса на живеење.

Пријавите за литературниот конкурс да се испратат на е-адресата на ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ – Гевгелија: [email protected], најдоцна до 25-ти мај 2024 година.

По завршувањето на конкурсот, ќе бидат доделени парични награди за трите најдобри творби.

Конкурсот е без возрасни ограничувања за авторите или авторките.

Секоја непотпишана и нецелосна пријава на конкурсот нема да биде разгледана од страна на жири-комисијата, се наведува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK