Во Америка доминира нов подсој на коронавирусот, варијанта што ги загрижува научниците

Koronavirus.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Нова група на подваријанти на коронавирусот циркулира во САД. Според американскиот Центар за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), моментално доминантна е подваријантата наречена „(FLiRT)“.


Една од подваријантите на „(FLiRT)“ е КП.2 и таа е одговорна за околу 25 проценти од сите инфекции во САД. Сите варијанти кои се во оптек се дел од микронскиот сој на вирусот САРС-КоВ-2, попознат како коронавирус.

Меган Л. Рејни, декан на Факултетот за јавно здравје Јеил, рече дека (FLiRT) има некои загрижувачки карактеристики, кои се одговорни за неговото ширење меѓу населението, односно овозможуваат вирусот да се „закачи“ за телото и да предизвика болест, пренесуваат американски портали.

ЦДЦ наведува дека Ковид-19, болеста предизвикана од коронавирусот, продолжува да претставува значителна закана за јавното здравје, и покрај севкупното намалување на сериозните болести предизвикани од овој вирус. Сепак, стапката на хоспитализација на луѓето со Ковид-19 останува висока кај луѓето на возраст над 65 години.

Американскиот комитет за имунизација препорача сите постари од 65 години да добијат дополнителна доза од вакцината против Ковид. Тие посочуваат дека имплементацијата на овие препораки треба да го зајакне имунитетот против вирусот и да го намали ризикот од сериозни состојби кои болеста може да ги предизвика, вклучително и смрт.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK