Баерн беше подготвен да го претстави Ралф Рангник како тренер кој ќе го наследи Томас Тухел следната сезона, но австрискиот тренер се премисли во последен момент и реши да остане на кормилото на репрезентацијата на Австрија. Претходно Баерн го одбија Чаби Алонсо и Јулијан Нагелсман.
Баерн ја продолжува потрагата по наследникот на Тухел, а според „Билд“ следен кандидат е Роџер Шмит (57), актуелниот тренер на Бенфика.
„Билд“ тврди дека Баерн сега со сите сили ќе тргне по Шмит, чиј договор со Бенфика е со важност до 2026 година и има откупна клаузула од 30 милиони евра. Сепак, португалскиот клуб наводно не е целосно задоволен од неговата работа, па постои можност Баерн да го добие на друг начин, наместо да плати голема сума.