Хрватскиот тренер Томислав Мијатовиќ ја продолжи соработката со Анадолу Ефес, потврди од клубот од Истанбул.
Мијатовиќ го презеде турскиот тим на почетокот на февруари, истиот ден кога беше објавено дека ќе си замине Ердем Џан.
Во тој момент Ефес беше на 16. место во Евролигата, но до крајот на регуларниот дел успеа да се избори за место во плеј-ин.
Таму беа елиминирани од Виртус, но клупските челници искажаа задоволство од неговата работа, поради што и му понудија договор на две сезони.
Ефес пред три дена ја совлада Дарушафака во 29. коло од турскиот шампионат и со тоа го обезбеди првото место пред почетокот на плеј-офот.