(Видео) „Милионерите“ чекор поблиску до финалето – Филкруг му пресуди на ПСЖ

12195588.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Борусија Дортмунд го совлада Пари Сен Жермен во првиот полуфинален натпревар од Лигата на шампионите. „Милионерите“ забележаа победа 1:0 на „Вестфален“. Херој на „жолтиот ѕид“ беше Никлас Филкруг.


Борусија во првото полувреме, беше подобра само сза тој еден гол, иако всушност до самиот крај на првиот дел од натпреварот ниту еден од тимовите немаше изгледни шанси.

Се играше 36. минута кога Шлотенберг од половината на парижаните ја испрати топката до Филкруг. Овој ја прими брилијантно, повлече напред, се избори со Лукас Ернандез и го совлада Донарума.

Борусија имаше две одлични шанси во самиот финиш на првото полувреме, но Донарума беше на висината на задачата и го спаси својот тим.

Во вториот дел и двете екипи го зголемија својот ритам. Пари Сен Жермен тргна крајно офанзивно во вториот дел од натпреварот.

Стативата од голот на Кобел се тресеше два пати за само десет секунди во 51. минута. Прво се обиде Мбапе, ја погоди стативата, топката се врати кај гостите, по што се обиде и Хакими, но овојпат се затресе статива.

Набргу потоа Борусија имаше шанса да ја зголеми предноста, но одличната аситенција на Санчо, Филкруг не успеа да ја претвори во гол. До крајот ПСЖ два пати опасно се закани преку Фабијан Руиз и еднаш преку Дембеле, а втор гол на домаќинот спречи Маркињос кој во последен момент го блокираше Бранд.

Реваншот е следниот вторник во Париз.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK