Укинат е притворот на актерот Жерар Депардје обвинет за сексуални напади

f.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Францускиот актер Жерар Депардје утринава бил повикан на сослушување по обвиненијата за сексуален напад, а потоа бил испратен во притвор во третото одделение на париската полиција, за да му биде укинат притворот доцна попладнево, соопшти париската полиција.


Две жени го обвинија Депардје за сексуални напади за време на две различни снимања: првиот пат во 2014 година, за време на снимањето на „Волшебникот и сијамските близнаци“ од Жан-Пјер Моки и вториот пат во 2021 година, за време на снимањето на „зелени прозори“ од Жан Бекер, пишува парискиот весник Фигаро.

Првиот извештај е поднесен од 24-годишна асистентка на филмски сет во 2014 година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK