Ким Кардашијан привлече внимание во Лос Анџелес кога пристигна на кошаркарскиот натпревар на нејзиниот син Вест.
Многумина забележаа дека ријалити ѕвездата повторно ја обои косата во руса боја.
Изгледа дека овој пат Ким сакала да ги избегне папараците со оглед на тоа што во еден момент почнала да го покрива лицето со раката и се сокрила зад телохранителот.
Ким и порано носеше руса коса, но потоа се враќаше на својата природна боја.
View this post on Instagram
Ким неодамна се најде на мета на критики откако на Инстаграм објави фотографија на која позира во огромна кафена бунда под која носи само хулахопки и чевли со високи потпетици.
View this post on Instagram
Фановите и напишаа дека ја копира Бјанка Ценсори, сопругата на нејзиниот поранешен сопруг Канје Вест, која во јавноста се појавува во бизарни комбинации.