Убедлив пораз на Рајо Ваљекано во Виљареал

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Столе Димитриевски со Рајо Ваљекано доживеа пораз на гостувањето во Виљареал со 3:0 во 33.коло од Ла Лига.



 

Виљареал ја продолжи серијата одлични резултати и остана во конкуренција за пласман во Конференциската лига. „Жолтата подморница“ со 45 освоени бода скокна на деветтата позиција.

Рајо Ваљекано е во безбедната зона, се наоѓа на 15.место на табелата со 34 бода.

Виљареал до победата го предводеше Норвежанецот, Александар Серлот.

Тој најпрвин погоди во 18. минута, во 30. минута повторно беше стрелец, но голот беше поништен поради офсајд.

Во 69. минута Москера ја искористи асистенцијата на Баена за 2:0, а во 74. додаде истиот играч му асистираше на Серлот за 3:0.

Во следното коло Виљареал и гостува на Селта, додека Рајо Ваљекано ја пречекува Алмерија која и математички испадна во Сегунда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK