(Видео) Минесота го одбрани домашниот терен, брејк направија Далас и Индијана

12178329.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Минесота повоедоа со 2-0 во серијата против Феникс, додека Далас и Индијана изедначија на 1-1 во сериите против ЛА Клиперс, односно Милвоки.


Минесота го одбрани домашниот терен против Феникс. По убедливата победа во првиот натпревар (120:95), во вториот Волците славеа со 105:93

Најефикасен во победничкиот тим беше Џејден МекДаниелс со 25 поени и осум скока, а го следеа Руди Гобер и Мајк Конли со по 18 и Ентони Едвардс со 15 поени.

Најефикасни кај Феникс беа Девин Букер со 20 и Кевин Дурент со 18 поени.

Лука Дончиќ го предводеше Далас до победата 96:93 во Лос Анџелес, над Клиперси.

Словенечкиот репрезентативец забележа 32 поени, шест скока и девет асистенции.

Двоцифрен учинок имаа Кајри Ирвинг со 23 поени и шест скока, Пи Џеј Вашингтон со 18 поени и шест скока, како и Дерик Џонс Јуниор со 10 поени и седум скока.

Кај Клиперси се истакна Џејмс Харден со 22 поени, шест скока и осум асистенции. Исто број на поени постигна Пол Џорџ.

Брејк направија и кошаркарите на Индијана, тие убедливо победија во Милвоки 125:108.

Пејсерси ги предводеше Паскал Сијакам со 37 поени (16/23 шут од поле, 3/4 за три), 11 скока и шест асистенции.

Во чекот го следеа Мајлс Тарнер со 22 поени, седум скока и шест асистенции, додека Тајрис Халибартон додаде 12 со исто толку асистенции.

Одличен беше и Ендрју Нембард со 20 поени, а Арон Несмит додаде 11 со седум асистенции и пет скока.

Во отсуство на Јанис Адетокумбо, Милвоки имаше само двајца расположени играчи, Демијан Лилард постигна 34, а Брук Лопез 22 поени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK