Пендаровски до ВМРО-ДПМНЕ и Давкова: Немој да си играте со судбината на Македонија

Битола-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва во Битола го одржа завршниот митинг од кампањата за првиот круг на изборите, од каде испрати порака до ВМРО-ДПМНЕ и нивната кандидатка за претседател.


„Денеска ја чув и најновата иновација на главната противкандидатка од ВМРО-ДПМНЕ која спомнува дека времето на овој Устав поминало, дека имаме потреба од нов Устав и вели дека особено во делот на односите меѓу етничките заедници дека тоа биле транзициони решенија и дека треба да ги менуваме. Не можам да верувам дека универзитетски професор, 23 години по Рамковниот договор, го оспорува договорот кој прво ни донесе мир а потоа ги постави основите на една мултиетничка држава и општество, договор заради кој не примија во НАТО и заради кој преговараме за влез во ЕУ со перспектива за неколку години да станеме членка. Мојата порака до нив е Немојте да си играте со судбината на Македонија. Тие договори се во основата на безбедноста на државата“ рече Пендаровски.

Пендаровски повика на масовна излезност и поддршка на 24 април, затоа што тогаш ќе се решава кој ќе победи во вториот круг, додавајќи дека ВМРО-ДПМНЕ лажно се претставуваат како најголеми македонски патриоти.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK