Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија

vuchich-kurti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија. Вучиќ


истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.

Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.

Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK