Ковачки: Ковачевски со таква леснотија им ја даде државата на ДУИ, што стана нивен слуга и послушник

thumbnail_Драган-Ковачки.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ковачки: На 24 април да заокружиме број 2, за Македонија повторно твоја и да им порачаме на СДС и ДУИ дека ни е доста од порази и понижувања


Најголемиот виновник за уништувањето на Македонија е Димитар Ковачевски, кој со таква леснотија им ја даде државата на ДУИ, што стана нивен слуга и послушник, само за да опстои на власт на тацна им се потчини на Али Ахмети, Артан Груби, Бујар Османи. Стево Пендаровски пак кој се декларира како голем државник, изминатите 5 години ниту еднаш не се спротивстави на криминалот на ДУИ и СДС, рече Драган Ковачки, носител на листа на пратеници во изборна единица 3 на вечерашниот митинг во Пробиштип.

Затоа велиме, додаде Ковачки, дека овие избори се последната шанса за спас на Македонија.

„Да се обединиме за да им порачаме дека ние не сакаме да живееме во ваква Македонија, која наместо успеси ниже порази, наместо среќа има апатија, наместо надеж има уназадување, корупција. Ова не е Македонија што ја заслужувате. Овие избори се шанса да ја вратиме Македонија повторно кај вас граѓаните, затоа што вие сте силата на една држава“, вели Ковачки.

Ковачки кажа дека ВМРО-ДПМНЕ нуди платформа, проекти кои се решение за проблемите на граѓаните и се осврна на проектите за крајот и регионот околу Пробиштип.

„Предвидуваме изградба на шест мали хидроцентрали.

Реконструкција и проширување на патен правец Пробиштип – Свети Николе. Пречистителна станица на отпадни води за Пробиштип и Злетово и многу други проекти“, информираше Ковачки.

Имаме уште два дена до победа и конечна промена на Македонија.

„Најпрво на 24 април сите за број два, за победа, а потоа на 8 мај сите обединето за убедлива историска победа. За Македонија повторно твоја. Ве повикувам да дадете поддршка за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова со заокружување на реден број 2. Да им порачаме на СДС и ДУИ дека нам ни е доста од порази и понижувања, и да го кренеме нашиот глас“, заклучи Ковачки.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK