Култниот знак „СКОПСКО“ на Ристиќева добива нов лик

skopsko
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Скопје, 22.04.2024 – Во годината кога најпознатиот македонски бренд на пиво „СКОПСКО“ слави 100 години од своето постоење, , култниот знак СКОПСКО кој стои гордо на врвот на една од најубавите згради во Скопје- Ристиќева Палата, денес доби ново руво.

Веќе 30 години, знакот на СКОПСКО гордо ги поздравува минувачите на скопскиот плоштад секој пат кога восхитено ќе погледнат кон врвот на Ристиќева плата. Првиот знак е поставен некаде помеѓу 1994-тата и 1997-мата година, вториот е заменет во 2009-та, а денес на врвот на Ристиќева Палата, архитектонскиот бисер на Скопје, минувачите може да го забележат новиот знак.


Додека СКОПСКО влегува во следниот век, продолжува посветено да работи на иновации, останувајќи верен на традициите кои го дефинирале неговиот успех. Новиот знак на славната зграда од 1930-тите во Скопје, го симболизира квалитетот, континуитетот и стремежот кон најдобротото. Фокусот на СКОПСКО како бренд е да ја поддржи заедницата, да ги обедини и инспирира луѓето да делуваат за да го направиме светот подобар.

Како компанија свртена кон иднината, Пивара Скопје преку СКОПСКО платформата „Наша гордост. Наша одговорност.“ става фокус на заштита на националните обележја низ низа акции, насочени кон зајакнување на врската помеѓу СКОПСКО и заедницата што ја опслужува.

Повеќе за платформата, но и за културното и историското значење на Ристиќева Палата, може да прочитате на следниот линк – https://csr.skopsko.mk/objavi/ristikjeva

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK