Бојмацалиев: Одделенијата за внатрешни работи во Кочани и Берово подготвени за претстојниот Изборен процес

b54b9c36-3dfe-44cf-bfa9-1a1c65706e09.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, заедно со државната секретарка Магдалена Несторовска и директорот на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски остварија работна посета на подрачјето на СВР Штип, каде што имаа средба со раководството на Одделението за внатрешни работи Кочани, а ќе го посетат и Одделението за внатрешни работи Берово, со цел брифирање за постигнатите резултати и секојдневните работни активности, но и за евентуалните проблеми во рамки на работниот процес.


Во однос на гарантирање на изборниот процес, Бојмацалиев рече:

„На територија на СВР Штип материјалите се успешно распоредени по гласачките места, МВР ги обезбедува со пешадиски и мотопатроли. Досега немаме никакви индиции за нарушување на денот на гласањето”, констатираше Бојмацалиев.

Притоа, тој ги сподели резултатите на оваа организциска единица.

„На ниво на СВР Штип од вкупниот број на кривични дела, од познат и непознат сторител постигната е ефикасност во расветлувањето од 40%, додека процентот на расчистени кривични дела изнесува 71% . Во делот на општиот криминал бележи намалување од 11% . Кај кривичните дела од познат и непознат сторител бележиме намалување за 21%, со постигната ефикасност во расветлувањето од 37 %, додека расчистени се 64% од вкупно пријавените кривични дела“, рече Бојмацалиев.

Во оваа прилика Бојмацалиев уште еднаш потсети дека по завршување на изборите ќе биде исплатена и бонус плата, која до 2017 година не се исплаќање, а од 2017 наваму редовно се исплаќа. Во однос на патот Штип-Кочани каде што има чести сообраќајни незгоди, со човечки жртви, беше констатирано дека не се прилагодува брзината на учесниците во сообраќајот, за што Бојмацалиев упати апел до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните знаци, и со тоа да се заштита себеси и своите најблиски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK