Јокиќ, Дончиќ и Шеј во трка за МВП наградата

GLufzbdXIAA2HyY.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

НБА лигата ги објави имињата на кандидатите кои се во конкуренција за индивидуалните награди .


За најпрестижната награда, МВП на регуларниот дел од сезоната, во конкуренција се кошаркарот на Денвер, Никола Јокиќ, кој според статистиката и голем број од аналитичарите и медиумите има најголеми шанси да ја добие наградата. Опоненти на Јокиќ му се најдобриот стрелец во лигата, Лука Дончиќ од Далас и Шеј Гилџис- Александар од Оклахома сити Тандер.

Доколку ја добие наградата, Јокиќ ќе стане деветтиот играч со три или повеќе признанија МВП, тој ќе им се придружи на Карим Абдул-Џабар (шест), Мајкл Џордан и Бил Расел (пет), Вилт Чембрлен и Леброн Џејмс (четири), односно Мозес Мелон, Лери Бирд и Меџик Џонсон (три).

Од друга страна, Дончиќ и Гилџис-Александар за прв пат во кариерата би ја добиле оваа награда.

Покрај кандидатите за најкорисен играч на сезоната, НБА ги објави имињата на кандидатите во уште шест категории.

Виктор Вембањама од Сан Антонио, минатогодишниот прв пик на драфтот е главен фаворит за наградата дебитант на годината, а конкуренти му се Чет Холмгрен од Оклахома сити Тандер и Брендон Милер од Шарлот Хорнетс.

Бем Адебајо од Мајами, Руди Гобер од Минесота и Виктор Вембањама се во конкуренција за најдобар дефанзивец во лигата, додека Тајрис Макси од Филаделфија, Алперен Шенгун од Хјустон и Коби Вајт од Чикаго се кандидати наградата наречена „Играч кој најмногу напредувал“.

Кандидати за најдобар шести кошаркар во лигата се Малик Монк од Сакраменто Кингс, Боби Портис Јуниор од Милвоки Бакс и Наз Рид од Минесота Тимбервулвс, а за наградата „клач“, односно „мајсторот во завршницата“, Стеф Кари од Голден Стејт, Демар Дерозан од Чикаго и Гилџес-Александар од Оклахома .

Конечно, во трката за наградатаза тренер на годината се Марк Дегнолт од Оклахома, Крис Финч од Минесота и Џамал Мозли од Орландо.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK