Во текот на вчерашниот ден Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 113 возачи.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а осум возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 47 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 66 надвор од населено место. Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.
МВР со апелдо сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за побезбедни патишта.