Американскиот претседател Џозеф Бајден го повика Претставничкиот дом на американскиот Конгрес што поскоро да одобри дополнителна воена помош за Украина и Израел.
Според него, САД треба да ја зголемат поддршката за Украина за да го спречат рускиот претседател Владимир Путин да навлегува во земјите кои се сојузници во НАТО и да се осигура дека тој нема да ги вовлече американските војници во идна војна во Европа.
„Сега не е време да ги напуштиме нашите пријатели. Претставничкиот дом треба итно да ги одобри законите за национална безбедност со помошта за Украина и Израел, како и да ја обезбеди неопходната хуманитарна помош за Палестинците во Газа“, нагласи шефот на Белата куќа.