Земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала го погоди островот Шикоку во Јапонија.
Земјотресот е регистриран на 24 километри од Уваџима на длабочина од 41 километар, пренесува EMSC.
Нема предупредувања за опасност од цунами поради земјотрес, а засега нема информации за жртви или материјална штета.