(Видео) „Авионите не можат да полетаат, а метрото е под вода“ – драматични сцени од поплавениот Дубаи

dubai-poplava.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Се’ изгледа како сцена од некој апокалиптичен филм, се’ е во застој. Никој не очекуваше ваква ситуација. Мештаните ми велат дека вакви поплави немало во последните 75 години“, вели белграѓанка за српски „Блиц“, опишувајќи ги драматичните сцени од поплавениот Дубаи.


Како што сведочи, целиот град е потопен, па туристите не излегуваат надвор бидејќи мештаните ги известиле за забраната за движење.

„Авионите не можат да полетуваат поради поплавената писта, градот стана една голема река и нема каде да одиме. Метрото е целосно под вода“, сведочи таа.

Посочува и дека состојбата е катастрофална, а луѓето се заробени во своите домови.

„Тука е целосен хаос, градот е под вода. Луѓето се во паника, ова навистина е надвор од контрола“, додава.

Очајните туристи се обидоа да побегнат од градот, но снимката на социјалните мрежи од аеродромот во Дубаи, еден од најпрометните аеродроми во светот, покажа дека патниците спијат на подот додека чекаат летови.

Патиштата околу аеродромот се поплавени.

Сведоците на аеродромот рекоа дека немало празни места во чекалната.

Снимките од Дубаи покажуваат поплавени скапи автомобили оставени на сред улица додека нивните сопственици се обидувале да се спасат.

На едно од видеата се гледа како авионот едвај се движи поради количеството вода на пистата. Од терасите летаат предмети како столици и маси.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK