Пронајдена топовска граната од Втората светска војна во Куманово

Притвор-за-пет-лица-кои-се-под-истрага-за-разбојништвото.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Вчера во 13.06 часот во СВР Куманово, 61-годишниот Г.К. од Куманово пријавил дека во стар помошен објект на улица „Ленинова“ во Куманово пронашол граната. Пиротехничар од Дирекцијата заштита и спасување ја подигнал гранатата и констатирал дека се работи за топовска граната од Втората светска војна со калибар од 75 мм. Увид извршила екипа од СВР Куманово, извести МВР.


Вчера во 14.00 часот во СВР Битола, од пиротехничар при Дирекцијата за заштита и спасување Битола било пријавено дека место викано „Черти камен“ во близина на туристичка населба Отешево, ресенско, била подигната артилериска граната калибар 75.мм од Прва светска војна, соопшти МВР.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK