Агенцијата за животна средина издаде портокалово предупредување за југозападниот и централниот дел на Словенија поради силниот ветер. Портокалово предупредување е издадено за јужниот дел од земјава поради снежни услови. Температурите паднаа, а на места како и во Хрватска и за повеќе од 10 целзиусови степени.
Ljubelj, Korensko sedlo in Rogla danes ☃️ in še kje v naši okolici vse bo snežilo do srede zjutraj.#vreme#sneg pic.twitter.com/jk4LmWZenC
— Avtokampi.si (@Avtokampi) April 16, 2024
Заладувањето од североисток напредува кон западот на земјата. Дува силен североисточен ветер. Во северна Словенија почна да се развива невреме, а врнежите ќе се интензивираат во следните неколку часа, пишува Агенцијата за животна средина, пренесува Н1.
„Во појасот од Горењска до Корушка се очекуваат врнежи од 30 до 60 милиметри. На повисоките места над околу 800 метри може да наврнат околу 20 сантиметри снег“, соопшти Агенцијата за животна средина на Република Словенија.
Сообраќајниот информативен центар предупредува дека зимската опрема е задолжителна и по 15 март во случај на снег на коловозот.