Прогласена вонредна состојба: во обилните дождови во Пакистан загинаа 36 лица

pakistan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најмалку 36 лица, претежно земјоделци, загинаа во обилните дождови и удари од гром низ Пакистан во последните три дена, соопштија денеска властите, откако вво југозападниот дел на земјата е прогласена вонредна состојба.


Повеќето од смртните случаи се случиле поради удар на гром и уривање на куќи во источната провинција Пенџаб, изјави Арфан Катија, портпарол на покраинскиот оддел за управување со катастрофи, пренесе АП.

Тој рече дека повеќе врнежи се очекуваат оваа недела. Дождот го погоди и главниот град Исламабад. За време на викендот седум лица беа повредени во југозападната провинција Белучистан, додека осум лица загинаа во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, која граничи со Авганистан.

Дождот ги поплави улиците во северозападниот град Пешавар и Квета, главниот град на Балучистан, каде властите прогласија вонредна состојба.

Премиерот Шехбаз Шариф во телевизиско обраќање рече дека им наредил на властите да обезбедат помош за регионите погодени од дождовите. Резервоарите за вода во Пакистан ќе се подобрат поради дождот, рече тој, изразувајќи загриженост за жртвите и предизвиканите штети.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK