Димитриевски: Ниту досега, ниту понатаму ќе се пазариме по било кој основ и по било која цена

Screenshot_20240415_151736_Facebook.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Максим Димитриевски, кандидатот за Претседател на Македонија од Движењето ЗНАМ-За наша Македонија денеска имаше средби со граѓаните на Скопје.


Во изјавата за медиумите Димитриевски со следната порака до оние, кои како што рече, во минатото се претставувале како зелени, а сега како Европски фронт, а всушност имаат една монолитна политика со крајна цел да се трансформира Македонија од прост во сложен тип на држава.

„Било какви уставни измени во однос на избор на претседателот на Македонија во Собрание, а не на непосредни избори за мене како кандидат, а и за политичката партија Движење ЗНАМ – За наша Македонија се неприфатливи. Ниту до сега, ниту од тука па натаму ќе се пазариме по било кој основ за било која цена. Тоа го ставивме во нашата програма, која ја презентиравме и сеуште ја презентираме до граѓаните, рече тој.

„Евентуални предлози за уставни измени кои би се однесувале на бришење на формулацијата „јазикот кој го говорат 20 %“ и менувањето на сегашниот начин на избор на Претседател на Републиката, за мене се неприфатливи бидејќи ги подриваат фундаментите на кои почива Охридскиот рамковен договор, за којшто сметам дека е 100 посто реализиран“, дообјасни Димитреивски.

Запрашан што би издвоил од Програмата, што реално ги поставува проблемите на граѓаните, Димитриевски одговори: „Мојата програма се вика „Манифест за Македонија“. Има пет приоритети и пет основни начела. Приоритетите се дадени со конкретни рокови. Значи едно од најбитните приоритети се однесува на тоа дека во првите 100 дена од позиција на претседател ќе се заложам за креирање на државна стратегија за борба протви корупцијата и организираниот криминнал. Тоа претседателот може да го стори, а е повеќе од потребно во нашата држава. Како што гледате во сите последни извештаи Македонија се соочува со се повисоко ниво на корупција и криминал и тоа дополнително ја слабее државата. Дополнително според анализите на Светска банка екиномскиот раст во Македонија стагнира и сме најниски во целиот регион. Кога ќе ја спречиме корупцијата со еден организиран облик на делување, државата треба да и објави војна на корупцијата, рече Димитриевски. Со вистински лидер, на вистинско место, којшто ќе даде целосна поддршка на сите институции на системот да работат против корупцијата. Да не зависат од политичките субјекти. Да го земам последиот пример со Државната комисија за спречување на корупција, ДКСК. Имавме смена во раководството, поранешната претседателка излезе пред јавноста и даде отчет колку предмети имаат процесуирано, а нема никаков епилог од истите. Значи ни треба посериозно, поцврто тело кое нема да зависи од политичката волјаа и ќе има поголеми надлежности. Согласно истата стратегија, сметам дека откако ќе се избориме со корупцијата во државата можеме да настапиме понатаму да ги решаваме и останатите проблеми и да дојдеме до конечната цел, самоодржливост на Македонија и да бидеме свои на своето.
При тоа секако треба да се насочиме и кон евроинтегративниот процес, кој според мене треба да продолжи, но Македонците таму треба да влезат не со свиткана кичма, туку со крената глава, што значи македонски јазик во континуитет, нација, сопствена историја и секако реципроцитет“, рече Диитриевски.

Караванот на претседателскиот кандидат Максим Димитриевски вечерва ќе го посети Гостивар.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK