Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават решение е можно по изборите, вели Демири

lir-Demiri-privatni-specijalizanti.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би можел да ги преземе до завршување на изборите за да им исполни. Демири смета дека протестот на специјализантите, организиран токму во овој период, има политичка заднина.


„Ги примив специјализантите и направивме една компарација, каква беше нивната позиција пред 2017 година и каква е сега. Има една голема разлика оти до 2017 година немаа никакви примања, имаа 0 примања. Сегашните примања не велам дека се задоволувачки, јас сакам да бидат нивелирани со примањата на еден специјализант кој е вработен во јавна здравствена институција, но за тоа треба буџет и ребуџетирање кое сега пред изборите не може да се оствари. Нивните примања за три месеци се доволни да платат рата за специјализација, без да ги вклучам примањата кои ги земаат како надоместок за дежурствата. Сигурно ова не е генерирано од проста желба да го подобрат нивниот социјален статус, економските примања туку генерирано е и со политичка позадина. Независно од притисокот кој може да го направат во јавноста, ова е реалноста. Зошто не се задоволни кога правиме таква компарација, која е драстична. Зошто баш сега се иницираат нивните барања е многу индикативно. Треба да се има трпение“, рече министерот Демири.

По изборите, Демири најави дека ќе се избори да има ребаланс на буџетот и примањата на приватните специјализанти да се изедначат со примањата на специјализантите кои се вработени во јавните здравствени установи.

Приватните специјализанти од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ по неколкунеделни најави денес почнаа генерален штрајк. Клинички остана без околу 400 лекари специјализанти кои нема да се појавуваат на работа, нема да дежураат и нема прават амбулантски прегледи се додека во писмена форма не добијат гаранција од Владата дека по изборите ќе бидат исполнети нивните барања за платено пензиско и здравствено осигурување и поголеми плати кои сега изнесуваат 26.000 денари.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK