Азески панелист на регионалната конференција „Локален, регионален и ЕУ раст 2024г“ во Нови Сад

Azeski_130932
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Стопанската комора на Северна Македонија Бранко Азески ќе учествува на регионалната конференција „Локален, регионален и ЕУ раст 2024г“ што се одржува во Нови Сад, во организација на Центарот за регионални економски истражувања и анализи.

Азески ќе говори на панел-дискусијата „Бизнис лидерите имаат збор“ каде ќе се даде оценка за досегашната имплементација на политиките за подобрување на регионалната поврзаност, но и ќе се дебатира како да се обезбеди економско приближување на нашиот регион со ЕУ.


Регионалната конференција отвора можности за различни иницијативи и дијалог за теми кои се од големо значење за регионот, како што се – слободно движење на луѓе, подобрување на квалитетот на животот на локално ниво, подобрување на бизнис средината.

На конференцијата ќе учествуваат над 200 бизнис лидери од регионот, претприемачи, инвеститори, министри за финансии, за економија и за трговија од земјите од Западен Балкан, како и претставници на меѓународни организации. Во Нови Сад ќе бидат и бизнис делегации од Европа, кои се заинтересирани за нови инвестициски циклуси во регионот.

Азески во својство на претседател на Асоцијацијата на балкански комори и потпретседател на Коморскиот инвестициски форум во рамки на конференцијата ќе оствари средби и со претставници на дипломатскиот кор од регионот, министри во владите и регионални бизнисмени.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK