Ендика е добро – Тестовите ја отфрлиле можноста за срцев удар

12158847.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Натпреварот меѓу Удинезе и Рома вчера беше прекинат во 72.минута откако фудбалерот на „волчицата“, Еван Ендика колабираше на теренот.


Лекарските екипи на „Фриули“ бргу реагираа, но немаше потреба да користи дефибрилатор, а потоа на носилки го однесоа во соблекувалната.

Италијанските медиуми јавуваат дека тестовите ја отфрлиле можноста за срцев удар.

Се верува дека Ендика бил погоден во градите порано во играта и дека поради тоа имал тешкотии со дишењето.

Сепак, тој остана во болница во текот на ноќта на набљудување, а набрзо со насмевка фудбалерот се огласи на на социјалните мрежи.

Како што пренесува „Скај Спорт“, тренерот на Рома, Даниеле де Роси и капитенот Лоренцо Пелегрини го посетиле Ендика во болница.

„Се е во ред, се е во ред“, им рече Де Роси на новинарите собрани пред болницата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK