Возачот на Априлија, Маверик Вињалес, испиша нови страници во историјата со триумфот на Големата награда на Америка, третата трка во сезоната во кралската класа на Светскиот шампионат.
Во Остин, Шпанецот официјално стана првиот возач во Мото ГП ерата кој победил на три различни мотори. Вињалес победуваше со Сузуки и Јамаха, а сега и со Априлија. Победата во Остин е пра за него по 2021 година кога победи во Катар на отворањето на сезоната.
Вињалес возеше нестварна трка, лошо стартуваше од првата позиција, падна на 11.место, но на десет круга до крајот го презеде водството. На крајот прв ја мина целта со две секунди предност пред фантастичниот дебитант Педро Акоста.
Акоста стана најмладиот во историјата во кралската класа кој се искачил на подиумот на две последовни трки. На претходната трка во Португалија беше трет.
На Вињалес и Акоста на подиумот им се придружи возачот на Дукати, Енеа Бастианини, кој третото место го презеде од Хорхе Мартин на Прамак Дукати на два круга до крајот.
Актуелниот шампион Франческо Багнаја заврши на петтото место, додека кралот на Остин, Марк Маркез излета од патеката на половина од трката во моментот кога беше на водечката позиција.