По Ливерпул, во 32.коло голем кикс им се случи на на фудбалерите на Арсенал. Во дербито Астон Вила го победи Арсенал на Емирати со 2:0. Лидер во Премиер лигата сега е актуелниот шампион Манчестер сити. До крајот на сезоната останѕ=уваат уште шет рунди.
Арсенал доминираше во поголемиот дел од натпреварот, но фудбалерите на теренот немаа решение за тактиката која ја постави поранешниот тренер на Арсенал, Унаи Емери. „Топчиите“ имаа свои шанси, но светскиот првак со Аргентина, Емилијано Мартинез беше брилијантен на голот.
Казната за промашувањата стигна во последните 10 минути. Најпрвин Бејли ги шокираше Емирати во 84. минута. А потоа комплетен антиклимакс, само три минути подоцна кога Оли Воткинс го удвои водството на тимот од Бирмингем.
Сити е лидер со 73 поени, два повеќе од Арсенал и Ливерпул.