Баер Леверкузен за прв пат во историјата е шампион во Бундеслигата. Избраниците на Чаби Алонсо до тронот стигнаа по пет кола со победата од 5:0 против Вердер.
Аспирантите ја прекинаа 11-годишната доминација на Баерн Минхен. Моментално имаат дури 16 бода повеќе од Баварците.
Со уште една врвна партија против гостите од Бремен ставија точка на една неверојатна сезона во која се уште немаат пораз во ниту едно натпреварување.
Предноста за Леверкузен ја донесе Бонифас од пенал во 25. минута, бидејќи ВАР пресуди дека имало прекршок над Хофман во шеснаесетникот. Првото полувреме заврши со резултат 1:0.
Во продолжение погледнете ја рапсодијата на новите шампиони. Џака го удвои водството со одличен гол во 60. минута, а потоа дојде магијата на Флоријан Вирц. Неверојатниот играч за врска постигна хет трик за неполни 20 минути, а во игра влезе во 46. минута.
Кога судијата го одигра последниот судиски свиреж, навивачите влетаа на теренот и започна големото славје.