Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска 14.04.2024 заедно со дополнителниот заменик министер во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управувње со кризи и градоначалникот на Општина Сопиште Стефче Трпковски се приклучија кон превентивно-едукативните кампањи кои ги спроведува Одделението за превенција при СВР Скопје под мотото „Да ги заштитиме шумите од пожари“, „Незаконско сечење на дрва и криминал“ и „Не оставајте вредни предмети во вашиот автомобил“.
Оваа активност беше спроведена на подрачјето на Општина Сопиште, односно на излетничко место Козјак. Основна цел е зголемување на безбедносната култура кај жителите во општината и посетителите на ова излетничко место, како и зајакнување на довербата и соработката помеѓу полицијата и граѓаните.
Имено, за време на активноста беше потенцирано зачестеното палење на шумите при правење на скара, и опасноста од предизвикување на пожари од невнимание.
Притоа, по случаен избор на присутните посетители им се делеше и едукативен материјал односно летоци, на кои се испишани едукативни препораки со цел подигање на безбедносната свест.