Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од Центарот за управување со кризи за гасење на пожар во атарот на село Жировница, Општина Маврово-Ростуше, го упати хеликоптерот М171 од Хеликоптерската единица за посебни намени, при што со прецизно дејствување беа исфрлени 15 тони вода. Со тоа пламените јазици беа изгаснати и пожарот беше локализиран.