Силјановска Давкова денеска во Управниот суд ќе го брани ставот дека АСЈО го прекршува изборниот законик

Untitled-11.png
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Професорката Гордана Силјановска Давкова денеска во Управниот суд ќе го брани ставот дека Академијата за судии и јавни обвинители го прекршува изборниот законик, бидејќи во моментов види постапка за вработување на 130 слушатели за идни обвинители и судии.


Откако Антикорупциска едногласно го поддржа нејзиниот приговор, Академијата на судии и јавни обвинители поднесе тужба до Управниот суд, кој најкасно до недела мора да се произнесе за предметот.

Судечки совет на овој случај ќе бидат Дитурије Елези Незири, Ана Герасимовска и Даниела Антовска.

Од страна на Академијата за судии ставот ќе го брани директорката Габер Дамјановска.

Според приговорот на Силјановска Давкова, доставен на 6 април до ДКСК, Академијата за судии и јавни обвинители, спротивно на Изборниот законик, засновала работен однос со кандидатите кои ја посетуваат обуката за судии и јавни обвинители.

Во образложението на приговорот, пишува дека Академијата за судии и јавни обвинители во јануари 2023 година објавила оглас за прием на 130 слушатели за идни судии и јавни обвинители, а по претходно извршените тестови за странски јазик, психолошкиот тест и тестот за интегритет, на 29 март 2024 година, АСЈО го објавила распоредот за полагање на квалификацискиот тест.

„Овој тест тековно го полагаат 299 луѓе, што јасно укажува дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, со што АСЈО ин флагранти ги прекршува Законот за спречување корупција и судир на интереси и Изборниот законик“ – пишува во приговорот на Силјановска Давкова.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK