Падот на Киев би бил катастрофа за Западот, изјави поранешниот британски премиер Борис Џонсон, пренесува весникот „Телеграф“.
„Ако Русите го заземат Киев, мислам дека тоа ќе биде апсолутна катастрофа за Западот, катастрофа за Америка и за секој концепт на американско лидерство“, рече Џонсон.
Тој исто така додаде дека „се моли“ САД да одобрат пакет помош од 60 милијарди долари за Украина.
„Ситуацијата е мрачна, доцнењето е страшно“, смета Џонсон.
Тој исто така додаде дека „хаотичното повлекување на Западот од Авганистан во 2021 година нема да биде ништо во споредба со победата на Русија во Украина“.
Медиумите потсетуваат дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу на 2 април објави дека од јануари вооружените сили на Украина изгубиле повеќе од 80.000 војници, 14.000 единици различно оружје, вклучително и над 1.200 тенкови и други оклопни борбени возила. Тој наведе и дека Украинците, по неуспехот на летната контраофанзива, неуспешно се обидуваат да се засилат на одредени позиции, а руската армија продолжува да ги потиснува вооружените сили на Украина во западниот правец, пренесува Танјуг.