Кацарска на средба со Џилијан Стирк, шефицата на мисијата за набљудување на изборите при ОБСЕ/ОДИХР

viber_image_2024-04-12_14-03-18-206.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска, оствари работна средба со Џилијан Стирк, шефица на Mисијата за набљудување на изборите за претседател на Републиката и пратеници во Собранието при ОБСЕ/ОДИХР.


Претседателката Кацарска, ја информираше Стирк дека Уставниот суд нема надлежност директно да одлучува за изборниот процес, но согласно Уставот, може да одлучува за уставноста на Изборниот законик, односно уставноста и законитоста на друг пропис кој уредува прашања поврзани со изборите.

Покрај ова, Судот може да одлучува и за барања поднесени од граѓаните за заштита на слободите и правата утврдени со член 110 алинеја 3 од Уставот, доколку некое од овие слободи и права им се повредени при спроведувањето на изборите.

Како конкретен пример, претседателката Кацарска, го посочи неодамна оформениот предмет за оценување на уставноста и законитоста на Упатството за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори 2024, по повод поднесената иницијатива на независниот претседателски кандидат Билјана Ванковска-Цветковска и политичката партија „Левица”.

На средбата, Кацарска беше информирана за тековните и планираните активности на Мисијата, поврзани со претстојните избори.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK