Аеродром е општина која инвестира во децата и младите. Преку низа проекти и инвестиции во изминатиот период општината покажа грижа за нив и овозможи подобри услови за спорт, рекреација и едукација, информираат од општината.
„Токму во духот на младост и радоста, со неколку настани и различни спортски и музички активности, денес се одбележа 19 роденден на општината. Во нив учество зедоа учениците од основните училишта и детските градинки, а Аеродром уште еднаш покажа дека е најубавата, најурбана и најспортска средина, а аеродромци се учат да ја чуваат и негуваат уште од најмали нозе“, се истакнува во пишаниот допис..
Градоначалникот Тимчо Муцунски преку социјалните мрежи го честита јубилејот, притоа упати благодарност до сите кои учествува во активностите и го направија овој ден посебен.
Додаваат дека пораките изработени од учениците од основните училишта и градинките, а кои се однесуваат на желбата за поубава, позелена и почиста општина, ќе останат највисоко во приоритетите на Општина Аеродром.