(Видео) Мисајловски: Сплотени, заедно од Шуто Оризари повикуваме дека е време за промени и за поддршка за Гордана Силјановска Давкова

Владо-Мисајловски-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денес сме во Шуто Оризари да се видиме со нашите пријатели заедно со нашите коалициони партнери од нашата коалиција „Твоја Македонија“ кои што со години се со нас и постојано ни ја даваат поддршката насекаде, истакна Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.



„Благодарен сум што имаме вакви коалициони партнери односно што ВМРО-ДПМНЕ има пријатели насекаде.

Денеска имавме убави средби тука со жителите на Шуто Оризари каде што може да се види дека животот е навистина се потежок и потежок.

Но од друга страна драго ми е што гледам оптимизам и позитивна енергија за промени. Сите сплотени заеднички повикуваме на поддршка за Гордана Силјановска Давкова“, рече тој.

Време е за промени порача Мисајловски од Шуто Оризари.

„Сите тука и од Шуто Оризари повикуваме дека време е за промени дека Македонија треба да биде повторно горда и на секој еден човек да му се помага, независно каде се наоѓа, дали е Македонец, Ром или нешто друго. Важно е сите сме луѓе сите да си помагаме еден на друг но за ова да се случи ни треба голема масовна мобилизација и поддршка од сите граѓани, за да го направиме ова сите на 24-ти треба да гласаме за Гордана Силјановска Давкова и потоа на 8 мај за да ставиме печат“, порача потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ и носител на изборна единица 2.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK