Изборот пред граѓаните на овие претседателски избори е помеѓу надеж со Пендаровски и враќање во минатото со Силјановска, истакна пратеничката од СДСМ, Санела Шкријељ.
Таа го опиша Пендаровски како прогресивен поличар со јасна визија за европска иднина на државата, кој силно го поддржува членството во ЕУ и НАТО.
„Пендаровски е човек кој ги споделува вредностите на заедништво, на чесност, рамноправност, кој не ги дели граѓаните туку ги обединува. Во досегашниот мандат Пендаровски покажа што значи да се биде вистински претседател на сите граѓани, без разлика на етничка, верска или друга припадност. Тоа е нашиот претседател Стево. Не само што го врати угледот на позиција туку покажа и интегритет во носењето на одлуките, независно од било која партија. Без афери, без скандали, без ниту една дамка и без ниту една погрешна одлука“, изјави Шкријељ.
Како што рече, на граѓаните им е доста од делби и поделби. Време е за државнички одлуки за иднината на сите граѓани.