СДСМ бара институциите да постапат по скандалот со злоупотреба на болни од ДПМНЕ во Струмица.
„Александар Николовски, кој никогаш ништо реално не сработел во животот, очигледно знае единствено да мешетари и злоупотребува политички функции.
Му порачуваме да не се крие зад бледите соопштенија на ВМРО-ДПМНЕ туку да излезе и да одоговри на прашањата кои јавноста и граѓаните од Струмица ги бараат:
Дали е тој организаторот на злоупореба на пациентите и објавување на списоци за гласање на болните во болницата во Струмица?
Дали по него инструкција мајката на кандидатот за пратеник од редовите на ДПМНЕ – Петар Марков, Силвана Маркова вработена во ЈЗУ Струмица објавува списоци со болни луѓе за да може да се врши притисок истите да гласаат за ВМРО – ДПМНЕ?
Дали е вистина дека вакви списоци има во сите институции каде ДПМНЕ има пристап?
СДСМ бара институциите итно да постапат по овој случај на злоупотреба и ќе ги информира меѓународните партнери. Овој скандал потестува на едно не така далечно време кога ВМРО-ДПМНЕ ги киднапираше институциите“.
Соопштение на СДСМ