Доколку донаторите го намалат својот придонес, ситуацијата предизвикана од масовното раселување на Украинците од почетокот на руската инвазија ќе се влоши, што ќе го направи потежок овој проблем на долг рок, изјави генералниот директор на Меѓународната организација за миграција на Обединетите нации, Ејми Поуп.
Руската инвазија на Украина во февруари 2022 година ја предизвика најголемата бегалска криза во Европа во 21 век, а 6,5 милиони украински бегалци се регистрирани во странство, додека 3,7 милиони луѓе се внатрешно раселени, пренесува Ројтерс.
ОН наведуваат и дека некој вид хуманитарна помош е неопходна за околу 14 милиони Украинци.