Алонсо потврди: Останувам во Астон Мартин

alonso2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Двократниот светски шампион и возач на Астон Мартин во Формула 1 шампионатот, Фернандо Алонсо, најави дека нема да го напушти британскиот тим на крајот на сезоната, кога му истекува актуелниот договор.


Алонсо потпиша нов договор со Астон Мартин, па соработката ќе продолжи и во иднина.

Шпанецот со 42 години е најстариот возач на караванот, но во неколку наврати нагласи дека е мотивиран како никогаш досега да се натпреварува со надеж дека ќе ја освои својата трета титула.

Алонсо вози за Астон Мартин од 2023 година, откако се раздели со Алпин. Претходно настапуваше и за Минарди, Мекларен (двапати), Ферари и Рено, претходникот на Алпин, во кој двапати ја освои титулата шампион – во 2005 и 2006 година.

Во Формула 1 забележа 32 победи, освои вкупно 22 пол позиции и 2.291 бод, а досега учествуваше на 384 Големи награди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK