(Видео) Судир меѓу демонстрантите и полицијата во Тирана: летаат факели и молотови коктели

tirana-protest-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На протестот организиран во Тирана од опозициските партии со барање за смена на градоначалникот, демонстрантите се судрија со полицијата пред градското собрание на албанскиот главен град, јавуваат локалните медиуми.


Демонстрантите фрлаа факели и молотови коктели во правец на зградата на општина Тирана, јавува Радио Слободна Европа на албански јазик.

Насобраните бараат разрешување на градоначалникот на Тирана, Ерион Вељијај и го обвинуваат за корупција.

Ова е втор протест организиран пред општинската зграда во последните неколку дена, кој уследи по приведувањето на повеќе директори и поранешни директори на градски фирми осомничени за корупција, перење пари и нарушување на рамноправноста на тендерите.

Опозицијата тврди дека Вељијај е вмешан во коруптивни дела кои ги истражува Специјалното обвинителство.

Вељијај, пак, изјави дека „не се чувствува добро“ поради апсењето на неговите соработници, но нагласи дека обвиненијата мора да се докажат на суд.

Тој додаде дека не го прекршил законот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK