„Повторно фалсификати од школата на Асаф, класична монтажа, единствен кој злоупотребува болни е СДС“, реагира ВМРО-ДПМНЕ

vmro-dpmne-e1527406133140.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„На измислиците на СДС им нема крај. Лага до лага, фабрикација до фабрикација. И денешниот прес на СДС каде обвинуваат за наводна злоупотреба на документи е уште една манипулација, класична монтажа и фалсификуван документ од школата на Асаф Еисин“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на СДСМ.


„Единствен кој злоупотребува болни во Македонија е СДС, кои крадеа милиони на грб на болните од рак. Милиони се испумпани додека на болните од рак наместо терапија им е даван физиолошки раствор.

Поголема злоупотреба на болни од случајот Онкологија нема. А, за тоа одговорни се СДС. Втора злоупотреба на болни е кога СДС реши да профитира на модуларните болници, па поставуваше „картонски кутии“ како болнички објекти, кои во Тетово се запалија и одземаа живот на 14 наши сограѓани.

СДС ги злоупотребува и болните од цистична фиброза, кои останаа без терапија. Време на злоупотреба на болните завршува. Промените се во рацете на граѓаните. Македонија ќе биде повторно на граѓаните“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK