Тренерот на Барнли, Венсан Компани е суспендиран на два натпревари поради црвениот картон што го доби на натпреварот од Премиер лигата против Челзи.
Компани веднаш ќе отслужи суспензија од еден натпревар, додека остатокот од казната е условен до крајот на годината. Поранешниот капитен на Манчестер сити е казнет и со 10.000 фунти
Белгиецот доби црвен картон на натпреварот против Челзи на 30 март (2:2), откако протестираше против одлуката на судијата кога беше исклучен Лоренц Асињон. Компани тогаш изјави дека судењето оваа сезона во Премиер лигата „не е доволно добро“.
Барнли моментално се наоѓа на 19. место на табелата во Премиер лигата, со шест бода помалку од Нотингем Форест кој е прв над опасната зона.
Фудбалерите на Барнли во сабота ќе го пречекаат Брајтон.