Израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, денеска изјави дека Израел е подготвен да одговори доколку биде нападнат.
„Поставивме едноставен принцип, кој и да не’ нападне, ние возвраќаме“, рекол Нетанјаху при посетата на флотата Ф15 и се претпоставува дека со оваа изјава алудира на неодамнешните закани од Иран, пишува „Тајмс оф Израел“.
„Се наоѓаме во предизвикувачки времиња. Ние сме среде војна во Газа која продолжува со полна сила. Покрај тоа, ние продолжуваме со нашите непрестајни напори да ги вратиме нашите заложници, но се подготвуваме и за предизвици кои доаѓаат од други фронтови“, рече Нетанјаху и им порача на пилотите на оваа флота дека тој и целиот Израел им веруваат.
Во нападот на иранскиот конзулат во Дамаск на 1 април загинаа командантот на Револуционерната гарда во Сирија и Либан, Мохамад Реза Захеди и неговиот заменик, како и пет офицери кои ги придружуваа.
Израел тврди дека не стои зад нападот, додека неколку официјални лица од Техеран, исто така, претходно се заканија со одмазда за нападот, вклучувајќи го и иранскиот врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, кој рече дека „злобниот режим мора да биде казнет и ќе биде казнет“.