Велковски на средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село: Нема интерес за нови згрижувачки семејства

photo_2024-04-11_14-01-38.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за труд и социјална политика Ѓоко Велковски денеска оствари средба со советот на згрижувачи од СОС Детско Село.



„Загрижувачка е состојбата во државата бидејќи нема интерес за нови згрижувачки семејства, а се става под знак прашање функционирањето на постојните. Без поддршка од министерството за труд и социјална политика процесот на деинституционализација нема одржливост“, посочија тие.

На средбата беа посочени и на слабостите во системот на социјална заштита и третирањето на згрижувачите од страна на институциите, велат од МТСП.

„Згрижувањето на деца треба да се гледа како професионална дејност и треба да се залагаме да се добие соодветно место во системот. Згрижувачите не се обични луѓе, туку за нив системот треба да даде свој придонес како посебни даватели на услуги“, наведе Велковски.

„Во иднина заедно како партнери ќе работиме да донесеме посебна методологија за утврдување на надоместок за згрижено дете и надоместок за згрижувачот.

Згрижувањето треба да стане професија со платени придонеси за извршената работа“, беше наведено на средбата, соопшти МТСП.

Згрижувачите треба да бидат партнери на министерството во остварувањето на правата на децата, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK