Зеленски пристигна во Литванија, барајќи воена поддршка: „Русија не е закана само за Украина“

93899827-badc-4240-8d28-a487f17b60ed.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Украинскиот претседател Володимир Зеленски соопшти дека пристигнал во Литванија на самитот на Иницијативата за три мориња на разговори со лидерите на Централна и Источна Европа за поддршка на Украина во војната против Русија.


Зеленски пристигна во Вилнус додека Русија ги засилува воздушните напади врз енергетската инфраструктура на Украина и тој повторно побара воена помош од Западот.

„Сега главната задача е да дадеме се од себе за да го зајакнеме нашиот систем за воздушна одбрана, да ги задоволиме итните потреби на украинските одбранбени сили и да ја консолидираме меѓународната поддршка за да можеме да го победиме рускиот агресор“, напиша Зеленски на платформата „Икс“.

Истовремено, тој посочи дека Москва не е закана само за Украина, туку за сите земји кои граничат со Русија и за сите оние кои го почитуваат меѓународното право.

Литванија, еден од најблиските сојузници на Украина, денеска е домаќин на лидерите на Иницијативата за три мориња, регионален сојуз кој ги обединува членките на ЕУ меѓу Балтичкото, Црното и Јадранското Море. На состанокот се очекува да биде усвоена декларација за унапредување на соработката со Украина и Молдавија.

АФП објави дека Зеленски разговарал и со неговиот литвански колега Гитанас Науседа, главно за потребите на Украина бидејќи воената поддршка од западните сојузници опаѓа. Како што информираат од кабинетот на литванскиот претседател во фокусот на разговорите ќе биде ситуацијата на фронтот, потребата од воена и финансиска помош и можноста Украина да влезе во НАТО.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK