Украинската термоцентрала целосно уништена од руско гранатирање, четворица цивили загинаа

д-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во денешните напади Русија целосно ја уништи термоцентралата Трипилска во Киевската област, објави шефот на надзорниот одбор на „Центренерго“ Андри Хота. Четворица цивили загинаа, а петмина се повредени во руски ракетен напад во градот Миколаев, соопшти Јужната команда на украинската армија.


Тој додаде дека сите вработени го преживеале гранатирањето и дека во моментов се работи на локализирање на големиот пожар во електраната, пренесува украински УНИАН. ТЕ Триплиска е најголема во регионот на Киев, а компанијата „Центренерго“ е најголем снабдувач на електрична енергија во регионите Киев, Черкаси и Житомир.

Во текот на утрото Русија изврши напад врз енергетската инфраструктура во регионите Харков, Запорожје, Лавов и Киев, соопшти украинскиот министер за енергетика Херман Халушенко.

Како резултат на тоа, повеќе од 200.000 корисници останаа без струја во регионот на Харков.

Во објава на социјалната мрежа Телеграм, се наведува дека биле оштетени и станбени згради и автомобили во околината. Евидентирани се и штети на индустриски објекти, а во тек е дополнителна истрага за последиците од нападот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK