Шеесет и осумгодишен велосипедист загина во сообраќајна несреќа во Скопје.
Според информациите од МВР, несреќата се случила вчера околу 11 часот на булеварот Никола Карев, кога во него удрило комбе.
Зад воланот бил 41-годишниот М.Н. кој е приведен и задржан во станица.
Велосипедистот загинал на лице место, велат од полицијата.
Извршен е увид, а телото дадено на обдукција.